Фудбалската репрезентација на Португалија вчера во пријателски меч го совлада Катар со 3:0 а капитенот на „европските бразилци“, Кристијано Роналдо, собори два рекорда.
Ѕвездата на Манчестер Jунајтед постигна гол и на полувреме го напушти теренот. Тоа беше негов 112. гол со што постави нов рекорд. Сега има два гола предност пред Али Даеи од Иран. Веднаш зад нив е поранешниот унгарски репрезентативец, Ференц Пушкаш .
Воедно, првата ѕвезда на Португалците има 181 натпревар со ефект од 112 гола против 46 различни селекции.