Напаѓачот на Реал Мадрид, Винициус Жуниор, кој поради добрите игри за шпанскиот состав доби повик во репрезентацијата на „кариоките“, таму има само епизодна улога, анализираат медиумите во Шпанија.
Бразилецот кој за неговата земја има одиграно само 27 минути, на последната средба со Колумбија остана на клупата за резерви.
Засега селекторот на Бразил го користи Винициус како трета варијанта за неговата позиција бидејќи во преден план ги има Рафиња од Лидс и Ентони од Ајакс“ – пишува шпанскиот весник –„Спорт“.

