Милан објави дека левиот бек Тео Ернандез има позитивен тест за КОВИД-19, откако се врати од обврските кон француската репрезентација, која ја освои Лигата на нации.
Така, дефанзивецот ќе мора да остане во изолација најмалку 10 дена и сигурно ќе ги пропушти натпреварите со Верона, Порто и Болоња.
Ернандез учествуваше на сите натпревари на „росонерите“ досега во оваа сезона, во кои постигна два гола и три асистенции. Неговото отсуство е уште една лоша вест за Милан во последните часови, откако синоќа стана јасно дека стартниот голман Мајк Мењан ќе го оперира левиот зглоб, а предвидувањата се дека ќе отсуствува помеѓу 6 и 10 недели.
Ова го натера клубот за привлекување на 38-годишниот голман Антонио Миранте, чиј трансфер може да се објави до крајот на денот.