Легендарниот фудбалер, Џејми Карагер, вели дека Манчестер Јунајтед со новите засилувања мора да се гледа како фаворит за освојување на титулата во Премиер-лигата. Тој не се согласува со Гери Невил и Рој Кин, кои проценија дека Солскјер не може да ја освои титулата.
„Тие двајца се најголемите заштитници на Солскјер, постојано бараат изговори и оправдувања, но, тоа е бидејќи играа со него и поради тоа што им е пријател“ – вели Карагер.
„ Доста е од изговори за Јунајтед. Имаат играч од 50 милиони фунти на секоја позиција и не смеат да бараат изговори“ – потенцира Карагер