Се враќаат шпекулациите за иднината на sвездата на Баерн, Роберт Левандовски. Полјакот има договор со Баварците до летото 2023 година, но според некои извори тој инсистира да си замине на лето.
Според АС, напаѓачот сака да го напушти германскиот шампион на крајот на сезоната, а приоритет му е преселба во Реал Мадрид. На почетокот на неделата, Левандовски исто така беше поврзуван со Манчестер Сити.
Сепак, Баерн е категоричен дека го има најдобриот напаѓач на светот и нема намера да се раздели со него.

