Тренерот на Лестер Сити, Брендон Роџерс, ја коментираше победата на наговата екипа во натпреварот од 8. коло на англиската Премиер лига со Манчестер Јунајтед.
„Бевме одлични денес. Оваа недела, разговарав со тимот за тоа како треба да се вратиме во она во што сме добри. Мора да се борите, мора да трчате. Требаше да се занимаваме со прашања почнувајќи од одбраната, агресијата и интензитетот. Само откако овие компоненти се во ред, можете да играте брз и динамичен фудбал. Ние сме тим кој игра со висок притисок. Понекогаш треба да се прилагодиме, но ова е нашиот план. Уживав да го гледам тимот денес. Го проучував нашиот последен натпревар против Кристал Палас како да сум на почеток и им објаснив се на играчите во детали. Мора да продолжиме да го играме нашиот фудбал. Денес докажавме дека можеме да бидеме многу добар тим ако играме со таква посветеност“ изјави Роџерс за Би-Би-Си.

