Напаѓачот на Милан, Анте Ребиќ, се повреди за време на натпреварот со Верона кој го доби неговата екипа со пресврт во второто полувреме со 3:2.
Хрватскиот фудбалер беше заменет во 36. минута од средбата. Наместо него, на теренот влезе португалскиот напаѓач Рафаел Лео. Според „Фудбал Италија“, Ребиќ претходно имал проблеми со петата. Се претпоставува дека напаѓачот можеби ја повредил ахиловата тетива.
Ребиќ се пресели во Милан од Ајнтрахт Франкфурт на позајмица во 2019 година, а една година подоцна потпиша постојан договор со италијанскиот клуб. Оваа сезона, 28-годишниот играч учествуваше на 8 натпревари од италијанското првенство, постигна 1 гол и 2 асистенции.

