Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Денеска не чекаат нови битки во Лигата на шампионите
    Фудбал

    Денеска не чекаат нови битки во Лигата на шампионите

    dinoBy dino19/10/2021No Comments4 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Шемата е стандардна, два термина, осум мечеви и се надеваме на дузина погодоци. Публиката во зависност од здравстените протоколи во секоја од земјите ќе исполни поголем дел од трибините. Фудбалерите пак, ќе имаат задача да го прикажат најдоброто. Како и да е, имаме ден резервиран за фудбалската магија која ќе биде присутна во Турција, Белгија, Холандија, Шпанија, Италија, Португалија, Франција и Украина. Еве што не очекува на стартот на 3 коло.

    Во групата „А“,  Манчестер Сити од 18.45 часот ќе гостува кај Бриж додека ПСЖ од 21.00 ќе му биде домаќин на РБ Лајпциг. „Граѓаните“  ќе имаат императив за победа за да изротираат со денешниот противник на табелата додека Французите со полн погодок, ќе направат голем чекор кон 1/8 финалето. Гвардиола ќе ги има на располгање сите сили додека Почетино му даде одмор на повредениот Нејмар, но, ќе го вметне во тимот Икарди кој деновиве се соочи со семејни проблеми. За Бриж денеска треба да започнат: Мињоле, Мата, Хенри, Нсоко, Собол, Вормер, Ритц, Ванакен, Сова, Де Кетелер и Ланг. За Сити се очекува да истрчаат: Едерсон, Валокер, Диаз, Лапорте, Зиченко, Гундоган, Фернадињо, Де Бруин, Жезус, Фоден и Грилиш.  На „Паркот на принцовите“ за домаќинот треба да стартуваат: Донарума, Хакими, Маркињос, Кимпембе, Мендеш, Вајналдум, Верати, Гај, Меси, Мбапе и Икарди. За Лајпциг се најавени: Гулашчи, Клостерман, Симакан, Орбан, Гвардиол, хаидара, Кемпел, Нкунку, Форсберг, Собозлаи и Полсен.

    Во групата „Б“ ќе го имаме дербито меѓу Атлетико Мадрид и Ливерпул бидејќи двата тима се директни конкуренти за првото место. Во вториот меч, Порто ќе го пречека Милан.  На „Ванда Метрополитано“  четата на Симеоне е секогаш гладна за фајтерска битка што може да им направи проблеми на „црвените“ кои практикуваат повеќе технички фудбал. За домаќинот се очекува да започнат: Облак, Трипиер, Фелипе, Хименез, Хермосо, Караско, Лоренте, Коке, Лемар, Феликс и Суарез. Клоп веројатно ќе се определи за: Алисон, Александар -Арнолд, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Кеита, Фабињо, Хендерсон, Салах, Јота и Мане. На стадионот „Драгао“ за португалците се најавени: Диого, Марио, Пепе, Марчано, Вендел, Урибе, Оливеира, Отавио, Корона, Диаз и Тареми.  За Милан во првите 11-ет треба да ги видиме: Татарушану, Калулу, Томори, Кјаер, Калабрија, Бенасер, Тонали, Селмакерс, Круниќ, Леао и Жиру.

    Во групата Ц во преден план излегува мечот Ајакс и Борусија (Дортмунд). Двата тима забележаа по две победи и затоа се главни кандидати за првите две места во групата. Тоа ќе биде меч екипи кои негуваат атрактивен и пред се ефикасен фудбал. „Копјаниците“  се во одличен ритам додека „милионерите“ играат топло-студено гледајќи во Бундес-лигата. За Ајакс се прогнозира дека од првата минута ќе играат : Пасвер, Мазрауи, Тимбер, Мартинез, Блинд, Алварез, Классен, Гравенбех, Бергвист, Халер и Тадиќ. „Милионерите“ веројатно ќе истрчаат со : Кобел, Муниер, Канџи, Хумелс, Шулц, Витсел, Бранд, Белингам, Ројс, Халанд и Мален.  Во вториот меч во групата  од 18.45 часот Бешикташ ќе игра со Спортинг (Лисабон). Реално, тоа ќе биде битка за третото место кое обезбедува опстанок во Европските конкуренции. За Бешикташ се најавени: Дестаноглу, Росиер, Велинтон, Вида, НСакала, Соуза, Пјаниќ, Гезал, Тешеира и Батшуаи. За Спортинг веројатно ќе започнат: Адан, Иначио, Коатес, Федал, Порро, Палиња, Матеус, Винагре, Сарабиа , Паулињо и Поте.

    Во групата „Д“ досега имаме сензционални резултати и неочекуван изглед на табелата. Шериф е лидер пред големите фаворити Реал Мадрид и Интер. Молдавците денеска може да го продолжат сонот за место во 1/8 финалето доколку постигнат добар резултат на „Сан Сиро“ на мечот со Интер. „Нероаѕурите“ кои ја чекаат првата победа во групата мора да нападнат од првата минута доколку не сакаат да се збогуваат со елитата. За Интер најверојатно мечот ќе го започнат: Ханданович, Шкриниар, Де Вриј, Бастони, Данфрис, Барела, Брозовиќ, Чалханоглу, Перишиќ, Џеко и Мартинез. За Шериф треба да истрчаат: Челадник, Фернандо, Арболеда, Дуланто, Кристијано, Адо, Тил, Бруно, Коловос, Кастанеда и Траоре. Во вториот меч во групата, Реал Мадрид ќе гостува кај Шахтјор Доњецк. „Кралевите“ кои се најтрофејниот тим во ЛШ ќе бараат рехабилитација за срамниот пораз во претходната рунда од Шериф додека домаќниот се надева на првата победа. За Украинците на сајтот на УЕФА се најавени: Пјатов, Додо, Марлон, Кривсов, Исмаили, Мајкон, Степаненко, Тете, Патрик, Фернандо и Педрињо. Реал Мадрид треба да парира со Куртоа, Начо, Милитао, Алаба, Менди, Валверде, Каземиро, Модриќ, Крос, Бензема и Винициус.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.