Македонската женска фудбалска репрезентација предводена од селекторот, Кирил Изов, денеска ќе ги продолжи квалификациите за пласман на Светското првенство што ќе се одигра во Австралија и Нов Зеланд во 2023 година.
Нашата селекција попладне од 17.00 часот ќе гостува кај Летонија во Рига. Веднаш потоа на 26. октомври на домашен терен во Охрид ќе ја пречекаме репрезентацијата на Луксембург.
Во нашата група „Д“ се уште и Англија, Австрија и Северна Ирска.

