Шпанскиот гигант Барселона ќе се вклучи во борбата за потписот на Килијан Мбапе. И покрај постојаните информации за тешката финансиска состојба на „каталонците“, весникот АС тврди дека клубот од „Камп Ноу“ е подготвен да изброи 90 милиони евра за услугите на францускиот репрезентативец.
Според информациите, оваа сума ќе биде личен бонус за фудбалерот доколку е подготвен да потпише со Барселона. Преговорите меѓу двете страни ќе ги води фудбалскиот агент Пини Захави, кој практично го однесе Нејмар од Барса во ПСЖ.