Поранешниот голман на Манчестер Јунајтед, Питер Шмајхел, застана во одбрана на Оле Гунар Солскјер кој има променливи партии со „црвените ѓаволи“. Медиумите најавија дека негов можен наследник ќе биде Антонио Конте.
„Може да речете дека Конте е брилијантен иако не останува во клубовите повеќе од две до три години. Тоа го пробавме и не функционираше“ – нагласува Шмајхел.
„Луи ван Гал не ја освои Премиер лигата, Мурињо не го стори тоа. Со Конте или друг тренер нема да има никаква разлика“ – изјави Шмајхел.