Денес беше одржан 29-тиот Турнир во мал фудбал на медиумите во организација на СПортско радио 90,3 ФМ, а целиот настан помина со почитување на Ковид-19 протоколите.
На турнирот улчествуваа неколку медиуми од Скопје, а полуфиналните натпревари поминаа со многу постигнати голови. МТВ 2 успеа да го победи тимот на АЛФА ТВ со 10:6, додека Спортско радио 90,3 беше подобар од Македонско радио со 5:3.
Во финалето се сретна екипите на Спортско радио 90,3 и МТВ 2, а победи екипата на Спортско радио со 9:3 и сто тоа го освои првото место на овој традиционален турнир. Исто така беа доделени и поединечни награди од страна на организаторот.