Легендарниот француски фудбалски напаѓач, Тијери Анри, кој прави анализа на дерби дуелите во Лига 1, вели дека Килијан Мбапе и натаму го има главниот збор во ПСЖ и дека Лео Меси не може да се истакне во преден план.
„ПСЖ и натаму е тим на Мбапе и затоа топката оди најчесто кај него. Меси е изолиран, помалку ја допира топката од тоа што е навикнат. Повеќе сакам да го гледам во централниот дел“ – вели Анри.
„Меси не е продуктивен по десната страна, навикнат е да игра во средишниот дел, таму може да биде многу опасен кон противничкиот гол“ – потенцираше Анри.