Бидејќи Рафаел Надал е во процес на рехабилитација по опреацијата на левото стапало и нема да може да игра за Шпанија во Дејвис Купот, селекторот на „црвената фурија“, Серхи Бригер, се определи да го повика младиот тенисер Карлос Алкарас.
Репрезентацијата од Пиринеите ќе настапи во терминот од 25 ноември до 5 декември и тоа во состав: Пабло Карено Буста, Роберто Баутиста, Фелисијано Лопез, Марсел Гранолерс и Карлос Алкарас.
Шпанија ќе ја брани титулата освоена во 2019 година.