Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба доби суспензија од три натпревари поради исклучувањето во 9. коло од англиската Премиер лига против Ливерпул (0:5), соопшти прес-службата на клубот од „Олд Трафорд“.
Така, Погба нема да може да учествува на натпреварите од Премиерлигата против Тотенхем, Манчестер Сити и Ватфорд. Во 59. минута од средбата, играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Пол Погба направи прекршок , а откако судијата Ентони Тејлор ја погледна снимката одлучи да го исклучи францускиот играч за врска.
Погба за Манчестер Јунајтед игра од 2016 година. Договорот на играчот со клубот е со важност до 2022 година.

