Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»„Мундо Депортиво“ тврди: Чави се согласил да ја води Барселона
    Фудбал

    „Мундо Депортиво“ тврди: Чави се согласил да ја води Барселона

    risteBy riste28/10/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Тренерот на Ал Сад, Чави Хернандез, се согласил со понудата на раководството на Барселона да стане тренер на оваа екипа, пишува „Мундо Депортиво“.

    Според изворот, Чави би можел да ги започне обврските по пауза за натпреварите на репрезентациите. За тоа време, двете страни треба да решат неколку прашања. Најпрво Чави треба да го раскине актуелниот договор со Ал Сад. Второ, мора да се договори нов стручен штаб со кој ќе работи Шпанецот.

    Да потсетиме, 58-годишниот холандски стручњак Роналд Куман, кој беше на чело на Барселона, беше разрешен од функцијата доцна синоќа. Тој ја презеде Барселона во август 2020 година, откако Барселона ја активираше опцијата да го откупи неговиот договор од репрезентацијата на Холандија.

    Во сезоната 2020/2021, каталонскиот клуб под негово водство го освои Купот на Шпанија, завршувајќи на третото место во шпанското првенство.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.