Роналд Куман за добиениот отказ од Барселона ќе добие солидна сума на финансиско обештетување.
Барселона ќе му плати на холандскиот стручњак 12 милиони евра за предвремено раскинување на договорот, информира „Ел Паис“. Потсетуваме, Куман беше отпуштен по поразот на Барселона во мечот од 11. коло на шпанскиот шампионат со Рајо Ваљекано (0:1).
Роналд Куман седна на клупата на Барселона во август 2020 година, а тимот под негово водство го освои Купот на Шпанија и го зазеде третото место во националниот шампионат минатата сезона. Во актуелниот шампионат на Шпанија, Барселона во 11 кола освои 15 бода и се наоѓа на 9-тото место на табелата.

