Манчестер Јунајтед бил на чекор да го ангажира младиот голгетер, Ерлинг Халанд, но, се пропаднало бидејќи неговиот менаџер, Мино Рајола , решил да им се одмазди на „црвените ѓаволи“.
„Понудата на Манчестер Јунајтед за Ерлинг беше многу подобра и очекувавме дека ќе заврши таму. Сепак, Мино Рајола нѐ изненади и го донесе кај нас во Борусија Дортмунд“ – потенцираше Ханс-Јоаким Вацке, првиот човек на „милионерите“.
Интернационалецот од Норвешка во 2020 година го напушти австрискиот Салцбург и за 20-ет милиони евра се пресели во Бундес-лигата.