Македонскиот фудбалски интернационалец, Енис Барди, имаше одлично враќање на теренот откако ја санираше повреда. Тој ги постигна двата гола на дуелот со Валенсија и му донесе значан бод на неговиот тим .
„Многу сум среќен, со бодот собираме самодоверба и добивме ритам. Горд сум на тимот. Ги тренирав пеналите и на крајот ја преземав одговорноста “– изјави Барди кој два пати беше прецизен од белата точка. .
„Првиот го дадов на една страна и затоа решив да одам на другата со многу силен удар. Одигравме фантастично и направивме чекор напред како екипа“– изјави Барди.

