Чави Ернандес наскоро треба да биде промовиран во нов тренер на Барселона, но неговиот сегашен клуб Ал Сад од Катар не сака да му даде дозвола за преселба во Шпанија. Како што информираат шпанските медиуми, Катарците се децидни дека Чави нема да го напушти Ал Сад за да ја преземе Барса.
Ал Сад се закани дека Барселона ќе биде пријавена во ФИФА доколку продолжи да го надлетува нивниот стратег. Чави има двегодишен договор со катарскиот тим и ако сака да си замине, ќе треба да седне и да разговара со раководството на клубот.
„Има многу шпекулации во последните денови. Ал Сад сака да порача дека Чави има актуелен договор со нас уште две години. Потполно е фокусиран на работата тука и целта е да се одбрани титулата во катарското првенство“, објавија од Акатарскиот клуб.

