Фудбалерот на Барселона, Серхио Агуеро, ноќта ја поминал во болница откако на вчерашниот меч со Алавеш се пожали на болки во градите по што веднаш беше хоспитализиран. Денеска шпанскиот состав потврди дека Аргентинецот бил задржан во болница за да му се направат испитувања на срцето.
„Ми кажа дека малку му се врти. Агуеро е префрлен во болница, но повеќе од тоа не знам“ -изјави Серхи Баруан кој ја има улогата на в.д. тренер во каталонскиот состав.
Напаѓачот на Барса кој успеа да ја санира повредата, вчера прв пат истрча во стартниот состав.

