Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа загубија на домашен терен од Манчестер Јунајтед и веднаш добија критики од сите страни. Очајната партија на популарните „спарси“ веднаш ја потенцираше и легендарниот Рој Кин.
„Тотенхем е досаден за гледање.Таму мора нешто да се менува. Има голем проблем“ – вели Кин.
„Губите со 2:0 а вашите дефанзивци и на корнер остануваат во нивната половина додека противникот се брани со сите единаесет. Тоа нема логика“ – потенцираше Кин.
