Легендарниот дефанзивец на Јувентус, Алесандро Костакурта, упати серија на критики кон ѕвездите на „старата дама“ кои вчера загубија на гостувањето кај Верона и останаа на средината на табелата.
„Фудбалерите се виновни а не тренерот. Секако дека и Алегри има одговорност, но, тоа што го гледавме на теренот беше разочарувачки“ – вели Костакурта.
„Јас би го вперил прстот кон играчите. Мислам дека за слабите изданија во последниве години се виновни главно играчите а не тренерите“ – потенцираше Костакурта.