Тенисерот, Александар Зверев, кој го совлада Новак Ѓоковиќ на ЛОИ во Токио, изјави дека може да го победи секој противник. Тој викендов влезе во финалето на турнирот во Виена откако беше подобар од Карлос Алкарас со 2-0.
„Конечно најдов ритам во играта од основната линија. Олимпискиот турнир беше клучен. Еден вид на пресвртница. Мечот против Новак ме натера да верувам дека можам да победам на секој турнир“ вели Зверев.
Германецот сега го очекува мечот за првото место со Френсис Тиафо од Соединетите Американски Држави.

