Тренерот на Виљареал, Унаи Емери е блиску до враќање во англиската Премиер лига, каде што претходно работеше во лондонски Арсенал. Њукасл Јунајтед е заинтересиран за услугите на шпанскиот стручњак, пренесува „Спорт1“.
Според изворот, на раководството на Њукасл му требало долго време да избере меѓу неколку тренери и се решиле на кандидатурата на Емери. Токму Шпанецот е приоритетен кандидат за менаџерската позиција.
Претходно, медиумите го нагласија интересот за Стивен Жерард и селекторот на Белгија Роберто Мартинез. Да потсетиме, на 7 октомври нов сопственик на Њукасл стана Државниот инвестициски фонд на Владата на Саудиска Арабија (ПИФ). Претходно на чело на англискиот клуб беше милијардерот Мајк Ешли.
Беше објавено дека договорот за продажба на Њукасл се проценува на 350 милиони евра. Њукасл неодамна го отпушти својот тренер Стив Брус .

