Виктор Линделоф испадна од составот на Манчестер Јунајтед за важното гостување кај Аталанта во Лигата на шампионите.
Швеѓанецот заработи повреда на вчерашниот тренинг и не замина со тимот во Бергамо. Тоа значи дека доколку Оле Гунар Солскјер повторно реши да игра во формација со тројца централни дефанзивци, како што беше случајот на мечот со Тотенхем, ќе мора да го вклучи Ерик Беили или да го искористи Лук Шоу како дел од ова трио. Рафаел Варан и Хари Мегваер треба да бидат во центарот на одбраната.
Во групата од 25 играчи беа и Дони ван де Бек и Ентони Марсијал. Пол Погба се врати во составот, бидејќи неговата казна од три натпревари за црвениот картон на дербито со Ливерпул важи само за натпреварите од Премиер лигата.
Натпреварот меѓу Аталанта и Манчестер Јунајтед се игра вечерва од 21 часот.

