Денес во просториите на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) се одржа ждрепката за четвртфиналните парови во Купот на Македонија.
Во четвртфиналето ќе имаме интересни натпревари, а ждребката сакаше да гледаме и дуел на Пелистер и Вардар, а Шкендија и Шкупи се избегнаа во оваа фаза од Купот на Македонија.
Куп на Македонија – 1/4 финални парови:
Пелистер – Вардар
Силекс – Брегалница Ш.
Шкендија – Струга ТЉ
Македонија ЃП – Шкупи
Натпреварите се играат на 24. ноември од 13:00 часот.
Титулата од минатата година ја брани Силекс, кој моментално се натпреварува во ВМФЛ.

