Италијанскиот фудбалски тренер, Антонио Конте, од денеска го презема кормилото во екипата на Тотенхем, потврдија британските медиуми.
Неговата соработка со лондончани ќе биде до 2023 година а клубот ќе одвои големи 180 милиони евра за да му обезбеди зимски засилувања. Тоа беше и главниот услов поставен од Конте пред да се согласи да го наследи Нуно Еспирито Санто кој заработи отказ по серијата на лоши резултати.
Британските медиуми објавија дека Конте слетал во Лондон и дека дефинитивно ќе ги води „Спарси“.

