Метју Божиновски и Стефан Чолаковски не добија дозвола да настапат за нашата млада фудбалска репрезентација поради рестрикциите во Австралија поврзани со Ковид-19. Тоа значи дека селекторот, Драги Канатларовски, ќе остане без нивните услуги за дуелите со Украина и Франција.Под знак прашалник е повредениот Лука Станковски.
„Задоволен сум од освоените четири бода од последните квалификациски натпревари особено мечот против Ерменија во Ереван каде што одигравме многу квалитетно и успеавме да издвојуваме победа на многу тежок терен. Сакаме да ја пренесеме таа позитивна атмосфера и на претстојните натпревари против Украина и Франција“ – вели Канатларовски.
На 11. ноември на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе играме со Украина додека пет дена подоцна ќе бидеме домаќини на Франција на Националната арена – „Тодор Проески”.

