Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, изјави дека се чувствува среќен од неговиот настап и ремито 2-2 на гостувањето кај Аталанта во рамките на Лигата на шампионите.
Во своето интервју по натпреварот, португалската ѕвезда рече дека синоќа имале тешка битка против Аталанта, но дека „црвените ѓаволи“ никогаш не изгубиле надеж дека ќе обезбедат поволен резултат.
„Тоа беше тежок натпревар. Кога се игра во Бергамо против Аталанта, секогаш е тешко. Но, ние верувавме до крај и среќен сум што му помогнав на мојот тим да освои бод“, изјави Роналдо.

