По осумте одиграни вчерашни натпревари во Лигата на шампионите, веќе станаа познати и првите две екипи кои и математички обезбедија пласман во нокаут-рундата во шампионите.
Баерн успеа да ја победи Бенфика со 5-2 и со оваа победа акумулираше 12 бода во групата „Е“, успевајќи да се пласира во следната фаза. Од друга страна, и Јувентус обезбеди место меѓу екипите во елиминациската рунда, по победата од 4-2 против Зенит. „Бјанконерите“ ја предводат групата „Х“ со 12 бода.