Според „TodoFichaje“, Реал Мадрид веќе започнал разговори со агентот на Винисиус Жуниор за обновување на договорот. Бразилецот експлодира оваа сезона и дефинитивно е голема надеж заедно со Бензема на нападот.
„Кралевите“ потпишаа со „кариоката“ во 2017 година, кога тој имаше само 16 години и со текот на сезоните успеа да заземе важно место во тимот. Винисиус моментално има еден од најголемите договори во тимот.