Катарски Ал Сад одби да направи отстапки во преговорите со Барселона за тренерот на катарскиот клуб, Чави. Според весникот АС, „блауграна“ ќе мора да плати казна од 1 милион евра за превремениот раскин на договорот на Чави, но сега катарскиот клуб побара официјална понуда лично од претседателот на Барселона, Жоан Лапорта за да ги отворат преговорите за Шпанецот.
Незадоволството беше предизвикано од тоа што Лапорта претходно одби да ја посети Доха. Во главниот град на Катар ќе замине потпретседателот на клубот Рафа Јусте и спортскиот директор Матеу Алемани.
Актуелниот договор меѓу Чави и Ал Сад е до 2023 година.

