Фудбалерот на Манчестер Сити, Фил Фоден, откри дека менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола, бил многу изнервиран на полувремето на средбата со Бриж во Лигата на шампионите откако белгијците дојдоа до 1:1.
„Не одигравме најдобро во првиот дел и му дозволивме на противникот да се врати во ритам. Гвардиола не беше среќен на полувреме и бараше максимално да ги следиме неговите совети“ – вели Фоден.
„Откако се подобривме во одредени сегменти, за почнавме да го играме нашиот убав фудбал. Сите сме задоволни“ – потенцираше Фоден по вчерашната победа со 4:1 остварена на „Етихад“.

