Големата фудбалск ѕвезда на ПСЖ, Лео Меси, кој има проблеми со тетивата на левото колено, деновиве се лекува во Мадрид.
Аргентинецот кој ја влече непријатната повреда од 2. септември, сега ќе биде прегледан во престижната клиника во која се лекуваше Бразилецот, Нејмар како и други познати фудбалери.
Меси кој не насапи на дуелот со РБ Лајпциг во Лигата на шампионите, најверојатно ќе мора да го пропушти и викенд-дербито со Бордо.