Поранешната ѕвезда на Милан, Андриј Шевченко треба да го замени Давиде Балардини, кој е под притисок поради лошите резултати на Џенова и најверојатно ќе добие отказ.
Џенова по 12 одиграни натпревари има само 9 бодови и раководството на клубот ќе го отпушти Балардини. Одлуката е донесена по синоќешното гостување кај Емполи кое заврши 2:2.
Шевченко ја водеше Украина до четвртфиналето на ЕП 2020, но потоа поднесе оставка. Џенова на легендарниот поранешен напаѓач ќе му понуди договор на 2 години.

