Норвич го отпушти менаџерот Даниел Фарке, објави уште синоќа клубот од Премиер лигата. Веста доаѓа неколку часа по првата победа на тимот од 2-1 сезонава против Брентфорд.
„Продолжувајќи да го бараме најдоброто за нашиот фудбалски клуб, оваа одлука не беше лесна“, рече спортскиот директор на Норвич, Стјуарт Вебер.
„Знам колку беа решени Даниел и неговиот тим да успеат на ова ниво, но мислиме дека сега е вистинско време за промена за да си ја дадеме најдобрата можност да го задржиме нашиот статус во Премиер лигата“, додаде тој.

