Младата ѕвезда на Барселона Ансу Фати заработи уште една повреда, откако беше принуден предвреме да го напушти теренот за време на натпреварот со Селта вчера во Примера.
Фати заработи повреда на препоните, што ќе биде огромен удар за новиот тренер на Барса, Чави Ернандез и шпанската репрезентација, која потврди дека 19-годишниот фудбалер нема да биде дел од „Црвената фурија“ за преостанатитеквалификациски дуели за СП 2022.

