Напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ, најверојатно ќе се откаже од трансфер во Арсенал во претстојната зима, објави „Фудбал Италија“.
Според изворот, напаѓачот нема намера да го продолжи договорот со Фиорентина, кој истекува во јуни 2023 година. Се најавува и дека директорот на Фиорентина Џо Бароне не ја исклучил продажбата на играчот во јануари. За овој трансфер заинтересирани се Јувентус, Интер, Арсенал и Тотенхем. Како што претходно објави „Sky Sport Italia“, Топџиите постигнаа начелен договор со Фиорентина за трансфер на Влаховиќ за 80 милиони евра.
Но, играчот и неговиот агент планираат да чекаат други понуди и сакаат да го одбијат Арсенал. Оваа сезона Влаховиќ за Фиорентина одигра 13 натпревари на кои постигна 10 голови и една асистенција. Порталот Трансфермаркт ја проценува цената на напаѓачот на 50 милиони евра.

