Нашите фудбалски репрезентативци денес го имаа својот собир во Скопје каде ќе се подготвуваат за последните два натпревари од квалификациите за СП во Катар 2022 година.
Поплпаднево нашите репрезентативци ќе одработат еден тренинг, а се очекува до крајот на денот на селекторот Милевски да му се стават на располагање сите играчи кои се здрави и подготвени за настап.
Од првиот избор на Милевски поради повреди отпаднаа Јаховиќ и Ракип, а на нивно место дополнително се повикани Дориан Бабунски и Енур Тотре.
ФОТФ
ФОТО: ФФМ