Еди Хау имаше промоција како нов менаџер на фудбалерите на Њукасл. 43-годишниот поранешен тренер на Борнмаут потпиша договор до летото во 2024 година.
Тој го наследи Стив Брус, кој беше отпуштен на 20 октомври. Новите сопственици на англискиот куб преговараа со половина дузина специјалисти, но, откако беа одбиени од Унаи Емери, Антонио Конте, Брендан Роџерс, Чави Ернандес, Јоаким Лев и Фонсека, се решија на Хау.
„За мене е голема чест да станам тренер на клуб со статус и историја на Њукасл. Тоа е одлична можност, но, ни претстои многу работа. Нестрплив сум да почнам да тренирам со играчите. Сакам да им се заблагодарам на сопствениците за довербата“ – рече Хау.

