Легендарниот стопер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд, полека го менува мислењето за тренерот Оле Гунар Солскјер, откако „црвените ѓаволи“ се одалечија од трката за титулата.
„Да бидам искрен, ја започнавме сезонава со огромна надеж. Мислевме дека дојде нашето време. Оле го донесовме за да не одведе до точка кога ќе може да се бориме за титулата“ – вели Фердинанд.
„Го гледам тимот и се прашувам што правиме тактички, не гледам филозофија и идентитет. Мора да се биде искрен, мислам дека треба да има промена“ – нагласи Фердинанд.

