Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, планира да купи играчи од Премиер-лигата, најавија дел од медиумите во Италија.
Се работи за Рубен Лофтус-Чик кој во екипата на Челзи нема голема минутажа и за играчот на Тотенхем, Хери Винкс. Воедно, Португалецот има план да го позајми младиот, Диого Далот, од Манчестер Јунајтед.
Ќе потсетиме дека во текот на летото, Мурињо успеа да го ангажира играчот на Челзи, Тами Абрахам, кој сега е незаменлив дел во „римската волчица“.