Назначувањето на Чави Ернандез за тренер на Барселона ја врати желбата на голем број поранешни играчи да се вратат во редовите на каталонскиот гигант.
Меѓу нив е и поранешниот дефанзивец на тимот Даниел Алвеш, кој моментално е без тим откако го напушти бразилскиот Сао Паоло поради долгови уште во септември. Веќе се започнати преговорите меѓу 38-годишниот Алвеш и раководството на Барселона, тврди новинарот Николо Шира.
Се очекува во наредните денови да има средба меѓу Алвеш и шефовите на Барселона, кои би можеле да го искористат Алавеш како искуство плус во тимот до крајот на сезоната.

