Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, изрази незадоволство што Лео Меси и Леандро Паредес добиле повик од репрезентацијата на Аргентина, иако се уште не се опоравени од повредите. Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони има намера да ги искористи на двајцата за престојните одлучувачки средби на „гаучосите“ во квалификациите за СП против Уругвај и Бразил.
34-годишниот Меси ги пропушти последните два меча на парижаните против РБ Лајпциг и Бордо поради болки во коленото. Тој му се приклучи на националниот тим и тренираше со останатите, а медицинскиот штаб на Аргентина е оптимист дека играчот ќе биде подготвен за двата меча.