Стивен Џерард денеска би можел да биде потврден како нов менаџер на Астон Вила. Специјалистот вчера со воз допатувал во Лондон за да го финализира трансферот на „Вила Парк“, пренесува Сан.
Поранешниот капитен на Ливерпул блескаво ја започна својата тренерска кариера на кормилото на шкотскиот гигант Глазгов Ренџерс, водејќи го клубот до титулата минатата сезона. Сега тој е треба да го направи следниот чекор и да се врати во Премиер лигата, преземајќи ја Астон Вила, каде пред извесно време беше разрешен Дин Смит.
Џерард ќе добие огромен фонд на средства за јануарскиот преоден рок. Сопствениците на Вила, Насеф Савирис и Вес Иденс е подготвени веднаш да го поддржат Џерард со добра сума за нови засилувања.