Нашиот сребрен олимпиец во таеквондо, Дејан Георгиевски и Илина Арсова (планинарство), се добитници на награда 13 Ноември за 2021 година која традиционално ја доделува на Сојузот на спортови на град Скопје.
Награди уште примија и тренерот, Борче Костовски (таеквондо), Билјана Димовска долгогодишна спортска работничка во тенискиот спорт, Насе Насев, селектор на најуспешните борачи од државава, Седадин Али-Сетко, професор по физичко образование и воспитание.
Во различни категории наградата 13 ноември заврши и во рацете на Љубомир Котевски, планинарски водич и спортски работник, Горанчо Петровски, Началник за безбедност во патниот сообраќај во СВР Скопје, Даниел Димевски, Претседател на Македонскиот Олимписки Комитет и Бранко Казаковски-спортски новинар.

