Играчот од средниот ред на Милан, Франк Кеси, одби уште една понуда од раководството за продолжување на договорот.
„Росонерите“ му понудиле на фудбалерот да му ја покачат платата на 6,5 милиони евра по сезона, но, тој продолжува да инсистира да добие 9 милиони. Актуелниот договор на 24-годишниот интернационалец од Брег Слонова Коска е до летото 2022-ра.
Кеси во сезонава има 12 натпревари и 2 гола. Африканецот откако беше привлечен од Аталанта, одигра 196 натпревари и постигна 32 гола.

