Фудбалската репрезентација на Исланд допатува во Скопје на мечот со Македонија со една промена на голманската позиција.
Откако првиот чувар на мрежата на „рибарите“, Патрик Сигурдсур Гунарсон, се повреди, неговото место ќе го пополни младинскиот репрезентативец Хакон Рафн Валдимарсон. Македонија пред утрешната средба на Арената –Тодор Проески“, го има второто место на табелата кое носи пласман во баражот за Мундијалот. Германците се лидери и сигурни патници за Светското додека Романија ќе чека евентуална наша грешка за да не помине на табелата.
Во последното коло во групата „Ј“ утре уште ќе играат и Ерменија-Германија и Лихтенштајн-Романија. „Панцирите“ имаат 24 бодови, Македонија досега собра 15 а Романците 14-ет. Ерменија има 12 бодови, Исланд 9 а Лихтенштајн 1.

