Мароканскиот фудбалски интернационалец, Хаким Зијаш, сака да направи транфер во текот на зимскиот период бидејќи ја нема посакуваната минутажа во редовите на Челзи, најавија дел од медиумите.
27-годишниот играч беше купен од Ајакс како големо засилување , но, не успеа да се наметне во редовите на „сините“.
Според наведеното, за неговите услуги е заинтересирана екипата на Борусија Дортмунд. Наводно, луѓето од Германија стапиле во контакт со неговиот агент задолжен за трансфери.

